FUTURA COMPLEX

Добредојдовте во FUTURA – премиум станбено-деловен кoмплекс на ELENA LUKA HOME кој е репрезент на највисоките стандарди во современата архитектура. Лоциран во општина Кисела Вода, на булевар Борис Трајковски, на само неколку минути пешачење од центарот на Скопје, FUTURA Complex e сместен во опкружување со развиена социјална инфраструктура и со сите капацитети што ги задоволуваат потребите на современиот човек. Комплексот вклучува четири станбено-деловни објекти со површина од 47.668м2. Домувањето во FUTURA Complex е распоредено во 382 станбени единици, со различна типологија и со квадратури од 35м2 до 88м2.

Современиот дизајн на секоја станбена единица се фокусира на креирање на простори кои се удобни, функционални и прилагодливи според потребите на корисниците. Се карактеризираат со висок степен на опременост и на финализација со естетски избалансирани материјали и елемeнти кои се одлична подлога и подржуваат различни стилови на ентериерно уредување. Вградени се висококвалитетни материјали и елементи со високи перформанси од реномирани производители. Како резултат на тоа, сите објекти во комплексот се одликуваат со одлична звучна изолација, енергетска ефикасност, пријатна микро клима и убав релаксирачки амбиент создаден преку усогласени ненаметливи природни материјали, текстури и бои.
FUTURA Complex располага со атрактивен деловен простор со површина од 3.171м2 кој што може да биде реорганизиран и поделен според потребите и деловната стратегија на различни бизнис дејности. Секоја од деловните единици е со ултра модерен дизајн и со пространи излози што создаваат впечатлив визуелен идентитет и дополнително го привлекуваат вниманието на клиентите.
Станарите на FUTURA Complex ќе уживаат и во сопствената зелена оаза, парк за рекреација и релаксација позициониран во средишното јадро на комплексот.
Модерен дизајн, кредибилитет, висококвалитетни градба и материјали, функционалност, урбан животен стил – FUTURA Complex е концепт кој ги обединува сите аспекти за квалитетно живеење.

Модерен дизајн и функционален распоред

Висока енергетска ефикасност

Термо-звучна фасада со ексклузивна естетика и дизајн

Одлична локација – општина Кисела Вода, булевар „Борис Трајковски“

382 станбени единици со квадратури од 35м2 до 88м2

Иновација, квалитет и посветеност

Премиум материјали со високи перформанси

Атрактивен деловен простор со површина од 3171м2

Парк за социјализација и рекреација

the future is here